
Директорот на српската полиција, Драган Васиљевиќ изјави дека на денешната претпладневна седница на Советот за национална безбедност е оценето дека безбедносната состојба во државата е стабилна.
Во изјава за РТС тој нагласи дека во претходните девет месеци имало 23.373 ненајавени собири во Србија, а сообраќајот бил блокиран на 12.082 локации.
Тој оцени дека нападите врз полицијата „во суштина значат напад врз државата“.
На прашањето за наводите дека командантот на Единицата за обезбедување на одредени лица и објекти (ЈЗО) Марко Кричак ги пречекорил своите овластувања при приведувањето на одредени учесници на протестот, директорот на полицијата рече дека засега нема наоди од Одделот за внатрешна контрола на МУП или од кој било друг државен орган што може да ги потврди тие наводи.
„Денеска беа запленети два тона дрога, отстранивме два тона марихуана од улицата. Ова не е вест, но е најважното прашање со кое треба да се справиме. Нема нерешени тешки убиства, во која друга европска земја е ваков случај“, праша директорот на полицијата на Србија.