Search

Како да се осигурате дека вашето дете не лудува со автомобилот

Вашето дете штотуку се здоби со возачка дозвола и почнува да го користи вашиот автомобил. Но, сакате да знаете дали тоа додека го користи се придржува до сообраќајните прописи, не лудува и истовремено да имате увид каде се движи. Постојат многу начини како да дознаете каде е возилото, дали ги почитува правилата, колку гориво ставило, пишува „24Ауто.мк“.

Но, најдобро е доколку воспоставите систем на доверба. Вие да имате доверба во возачот, а тој да се однсеува согласно правилата. Но, ако сакате сепак на почетокот да бидете сигурни дека се е како што треба најлесно е да поставите ГПС систем. Со него во секое време ќе знаете се за возилото и може дури и да добивате известувања а повеќе настани ( судар, грубо забрзување, пречекорување на брзина …) Системот не е новост, го користат многу компании, но со други параметри. Тоа е пред се за транспортните компании и оние што се занимаваат со дистрибуција. Но, се повеќе родители за заинтересирани за него, зошто е можност да знаат како се однесува нивното дете додека вози.

Каде може да се набави овој систем и какви се искуствата на македонските граѓани кои го користат, може да прочитате на  „24Ауто.мк“.

 

Треба да знаете
Последни објави