Skip to main content
Музика

Весна Бејби за загинувањето на Тоше Проески: „Сѐ е некако чудно, сѐ е заматено, не ги добивме одговорите“

17/08/2025  13:20

Актерката Весна „Бејби“ Петрушевска во гостувањето во подкастот „Претрес со Ландов“ отвори едно од најчесто премолчуваните прашања поврзани со трагичната смрт на Тоше Проески.

„Има едно многу важно прашање на кое никој не одговори – ти знаеш како се вика шоферот на камионот? Јас не. Знаеш дека го задржале нешто… Јас исто така не знам. Дали некогаш се спроведе истрага – како, што, зошто, кој е тој камион, како избегал, зошто избегал?“, праша Петрушевска.

Таа додаде дека одговори немаат ниту родителите на Тоше: „Колку што знаеме јас и ти, толку знаат и тие луѓе. Тоа ме мачи и мене, исто како што ја мачи цела Македонија и цел Балкан. Кај е шоферот? Зошто го нема? Во ниту еден извештај? Ништо нема. Трилер.“

Петрушевска беше прашана и за возачот на автомобилот во кој загина Тоше.

„Тој одлежа, Џоле. Колку што знам, некое време беше во затвор. Секако дека не може да е во добра состојба. Последен пат го видов кога ми ги донесе картите за последниот концерт на Тоше на стадион. Кога прашав и мајка му и татко му, беа сосема отсечни – не сакаат ни да го спомнат“, рече таа.

Актерката се присети и на разговорите со Тоше во последните денови.

„Вечерта во Вртелешка му беше повредена ногата од одбојка. Му реков – кој ќе те вози? А тој ми вика: ‘Џоле ќе ме вози’. Му реков: ‘Чекај, нова е колата, дали знае да ја вози?’ Тој само ме уверуваше – ‘Не се секирај, ќе возиме полека’… Но, знаеш ли што е најстрашно? До денес нема целосни обдукциски наоди. Делумно ги има, ама сè е чудно, заматено. Ние не ги добивме одговорите“, заклучи Петрушевска.

Целиот разговор: