Skip to main content
Балкан

Пратеник на Партијата за слобода и правда претепан на протест во Белград

14/08/2025  23:04

Вечерва на улица Кнез Милош во центарот на Белград избила тепачка меѓу демонстранти и група лица за кои, според првичните неофицијални информации, се тврди дека се поврзани со Српската напредна странка (СНС).

Партијата за слобода и правда (ССП) соопшти на социјалната мрежа X дека нивниот пратеник Пеѓа Митровиќ бил претепан од групата напаѓачи.

„Пратеникот Пеѓа Митровиќ беше претепан од тепачите на Српската напредна партија. Удрен е во главата со шипка и неколку пати по телото. Во моментов е на пат кон болница,“ објави ССП.

Протести против власта се одржуваат и вечерва низ цела Србија. Репортер на Н1 јави дека поддржувачите на СНС фрлале пиротехнички средства кон граѓаните, преку кордоните на жандармеријата, во близина на зградата на Генералштабот.