
Градоначалникот на Карпош, Стевчо Јакимовски со видео обраќање на својот фејсбук профил го акцентира проблемот со неработењето на базенот во Карпош 4.
Второ лето по ред – немаме базени во Карпош. Пред два дена бев кај базенот во Карпош 4, до салата „Партизан“ – заклучен , тишина и празнина.
Денеска ги проверив аква паркот и базенот при „Борис Трајковски“ – затворени! А околу нив – тревата до колена, отпад насекаде.
Граѓаните? Нека тераат до Пробиштип за да се разладат.
Браво ВМРО-ДПМНЕ! Вистински успех – да не можете да одржувате ни она што Груевски ви го изгради.
Еклатантен пример за владеење: неработа, запуштеност и целосна негрижа за граѓаните.
Карпош заслужува базени и спортски објекти, а не запуштени споменици на вашата неспособност, вели во обраќањето Јакимовски.