Skip to main content
Македонија

Сообраќајот на делницата од регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови – Дебар е нормализиран

08/08/2025  19:38

Сообраќајот на делницата од регионалниот пат Р1-202 Маврови Анови – Дебар, кај мостот Ростушки, каде имаше прекин поради сообраќајна незгода, е нормализиран, информираат од АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу 20 минути, на останатите граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.