Skip to main content
Македонија

Големи сообраќајни гужви низ Македонија 

08/08/2025  18:27

Големи гужви и долги колони возила се регистрираат денеска попладне на повеќе делници низ државата, особено на западниот дел од Македонија. На автопатот Тетово – Гостивар, кај патарините, сообраќајот се одвива забавено со километарски колони и чекање подолгу од вообичаеното.

Слична слика е и на патот кон Маврово и Ростуше, каде што поради зголемен број возила и недоволен капацитет за одвивање на сообраќајот, практично е блокирано движењето. Според очевидци, делници се целосно закочени, а возачите се принудени да чекаат со часови.

Гужвите се должат на зголемениот број патници кои се упатуваат кон туристичките дестинации во Мавровскиот регион, како и на враќањето на дел од иселениците кои одморот го минуваат во татковината. Се апелира на трпеливост, внимателно возење и следење на упатствата од надлежните служби.