
Американецот Бен Шелтон е пресреќен по победа над Русинот Карен Качанов во финалето на АТП турнирот во Торонто.
-Тоа е надреално чувство. Беше долга недела, а патот до финалето не беше лесен. Мојот најдобар тенис дојде кога беше најважен. Бев упорен, издржлив, фокусиран. Сите квалитети што сакам да ги видам во себе, изјави Шелтон по освојувањето на трофејот во канадскиот град.
На патот до финалето, Шелтон ги победи Адриан Манарино, Брендон Накашима, Флавио Коболи, Алекс де Минаур и Тејлор Фриц.