
На редовната седница на Одборот на директори на АД ФК Вардар одржана во текот на вчерашниот ден, едногласно беше прифатен предлогот на неизвршниот директор Мартин Гелев, легенда на македонскиот фудбал и на Вардар, Андон Дончевски да биде прогласен за почесен претседател на клубот.
„Чичко Дончо“ со години го носеше дресот на Вардар, а беше и прв селектор на македонската фудбалска репрезентација.
Дончевски и покрај тоа што живее во Австралија, често пати доаѓа во Македонија да даде поддршка на Вардар и на репрезентацијата