Skip to main content
Хроника

Постара жена од Тетово измамена за 20.000 евра

08/08/2025  14:07

На 07.08.2025 во 21:00 часот во СВР Тетово, 76-годишна жена од Тетово пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 20.000 евра.

Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка била прегазена на пешачки премин и дека е потребно да плати за да биде оперирана.

Како што е пријавено, ги зела парите и со нејзиниот сопруг отишла на договореното место во Скопје, каде што ги предала парите на женско лице. Откако се вратиле во домот во Тетово, ќерката била таму, по што сфатила дека е измамена, се наведува во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.