Skip to main content
Хроника

Приведен пироман од Охрид – предизвикал пожар

08/08/2025  11:59

Полициски службеници од СВР Охрид вчера го лишиле од слобода З.Н.(41) од Охрид, кој се сомничи дека во атарот на охридското село Горно Лакочереј предизвикал пожар на поле со нискостеблеста вегетација и ожнеана нива.

Како што соопшти МВР, при преземени мерки и извршен преглед, полициските службеници кај него пронашле запалка која била одземена за натамошна постапка.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.