Османи: Договор за Гоце Делчев, но идентитетот е затворено прашање

Министерот за надворешни работи Бујар Османи е оптимист дека македонско-бугарската комисија ќе ги надмине разликите околу Гоце Делчев. Тој најави интензивирање на комуникацијата на политичко ниво, така што ситуацијата со Бугарија може да се реши преку билатерални договори. Запрашан за „црвените линии“, Османи рече дека прашањата за македонскиот идентитет се затворени на меѓународен план преку Договорот со Грција.

„Идентитетските прашања што станаа дел од јавниот дискурс последните денови како резултат на познатиот меморандум што се споменува во јавноста, не се дел од овој договор. Ова се прашања што произлегуваат од правото на самоопределување на граѓаните. Ова се прашања што се наведени во Договорот од Преспа, како такви се потврдени и затворени.“

Генералниот секретар на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу е убедена дека Софија нема да се откаже од поддршката за евроинтеграцијата на Северна Македонија и Албанија.

„Продолжувам да верувам дека Бугарија ќе продолжи да биде поддржувач на процесот на европската интеграција на двете земји, не само затоа што така беше цело време, туку и од причина повеќе затоа што Бугарија има посвежи сеќавања од маките и тешкотиите што ги носи процесот.“

Брегу ја истакна важноста на „Зелениот коридор“ во движењето на стоки за време на пандемијата, што според неа треба да продолжи и по нејзиното завршување.

Треба да знаете
Последни објави