Skip to main content
Свет

Украински напади со беспилотни летала на југот на Русија, најмалку три лица загинаа

02/08/2025  10:04

Најмалку три лица загинаа синоќа во напади со украински беспилотни летала на југот на Русија, објавија локалните власти. Нападите се случиле во Ростовската и Пензенската област, како и во Самара, која е далеку од линијата на фронтот.

Руската армија објави дека во текот на ноќта пресретнала 112 украински дронови.