Skip to main content
Скопје

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје

01/08/2025  12:58

Поради одржување на настан за одбележување на празникот 2 Август, утре (сабота) со почеток во 09 часот па се до завршување на настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното подрачје на Скопје односно за сообраќај ќе биде затворен делот пред зградата на Собранието на РСМ и тоа од бул. „Кочо Рацин” до ул.„11-ти Октомври” (кај зграда на Црвен Крст) и крстосницата од „Филип Втори Македонски” до ул.„Кеј 13-ти Ноември”.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.