Skip to main content
Свет

Најсилниот земјотрес во историјата се случил во Чиле во 1960 година

30/07/2025  19:16

Од почетокот на модерната сеизмографија во 1900 година, само пет земјотреси биле посилни од земјотресот со јачина од 8,8 степени што го погоди брегот на Русија.

Најсилниот земјотрес во историјата останува земјотресот во Валдивија, Чиле, во 1960 година со интензитет од 9,5 степени, пренесе Би-Би-Си.

Земјотресот што се случи во близина на рускиот полуостров Камчатка е најсилниот регистриран по големиот земјотрес во Тохоку во 2011 година во Јапонија, кој предизвика разорно цунами и доведе до нуклеарна катастрофа во Фукушима Даичи.

Земјотрес претходно го погоди истото подрачје во близина на полуостровот Камчатка во 1952 година со јачина од 9 степени.