Даниел Крег ѝ оддаде почит на кралицата на концертот во нејзина чест

Даниел Крег ги освои срцата со однапред снимена порака до кралицата на концертот по повод платинестиот јубилеј во саботата вечерта.

Славниот британски актер (54), познат по улогата на тајниот агент Џејмс Бонд, се присети на култното видео со нејзиното височество за Олимпијадата 2012 година. Во својата видеопорака тој се восхитува на непоколебливата смиреност на монархињата.

„Ваше височество, Ви благодариме за Вашето континуирано присуство во нашите животи, за Вашето лидерство и за Вашата непоколеблива грациозност и смиреност“, рече холивудската ѕвезда.

„Би Ве следел каде и да било, госпоѓо. Од кој било хеликоптер“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави