Skip to main content
Македонија

Во Свети Николе два пожари, а дел од домаќинствата немаат вода за пиење поради голем дефект

27/07/2025  17:50

Дел од домаќинствата во градот Свети Николе немаат вода за пиење, поради голем дефект на водоводната мрежа, а пожарникарите гаснат пожари на две локации, едниот кај село Ѓуганци, а вториот кај место викано Преодски Ливади, информираше градоначалникот на Општина Свети Николе, Дејан Владев.

-Вработени од ЈКП Комуналец работат на терен за да се реши проблемот за побрзо време, вели Владев.

Тој додава дека во моментов има пожар во село Ѓуѓанци, кој што е ставен под контрола,но има и пожар во место викано Преодски ливади.

-Во ова место се зафатени со пожар две викендици, а пожарот е ставен под контрола а викендиците се спасени. Екипите во полн состав од Пожарна Свети Николе се макотрпно на терен, како и вработени од ЈКП Комуналец, стои во Фејсубк објавата на Владев.

Побара  разбирање од страна на граѓаните и какошто пишува „ве уверувам дека се преземаат сите неопходни чекори за решавање на ситуацијата“.