
Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат на место викано „Песокот“ во Неготино бил пронајден починат Д.К.(82) од Неготино, за кого на 21.07.2025 беше пријавено дека се оддалечил од семејниот дом.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по насоки на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.