Skip to main content
Хроника

Полицајци со хеликоптер спасувале војник кој се повредил на пожар

27/07/2025  14:17

Денеска (27.07.2025) полициски службеници со хеликоптерот на МВР Агуста Бел 212 извршија спасување на повредено воено лице на линијата на пожарот.

Во исклучително тешки услови беше извршено драматично спасување на С.Н. од македонската Армија од првата пешадиска бригада од Штип за време на неговата несебична борба со огнената стихија.

Полициските службеници уште еднаш на дело ја покажаа својата хуманост и одговорност кон секој еден човек пред се!

Активностите на полициските хеликоптери продолжуваат се до целосно гасење на пожарите на територијата на целата држава.