Заев: Најавите за протести се фрустрации на опозицијата оти не е власт 

Најавите на опозицијата дека ќе почне со масовни протести низ земјава, според премиерот Зоран Заев, се показател дека таа е фрустрирана оти не е на власт. 

Протестите, се нормална работа во слобода и во демократија, но јас како претседател на Владата и парламентарното мнозинство ќе направиме сѐ да не дозволиме да постојат аргументи за какви било протести и незадоволство на народот.Поривот што го гледам кај опозицијата е фрустрација зошто не се власт. Без да дадат време да се види колку ќе бидеме успешни се гледа една грозотија од фрустрација – зошто не се власт, рече премиерот Зоран Заев.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција најави дека неговата партија првиот протест ќе го направи во среда и ги повика граѓаните да им се придружат.

Треба да знаете
Последни објави