Skip to main content
Македонија

РАНА МЕТЕО НАЈАВА: Снегот и студот ни доаѓаат многу порано од вообичаеното?!

19/10/2024  16:00

Метео анализа на Славчо Попоски:

Најновите излези на прогностичките материјали со кои располагаме, укажуваат на тоа дека зимата би можела да ни пристигне многу порано од вообичаеното оваа година, и тоа веќе кон крајот на овој, и во почетокот на следниот месец (ноември).

Имено, се работи за студен бран кој преку Атлантикот  и северна Европа ќе пробие до нашите краишта и драстично ќе ги спушти температурите на воздухот. Во ваква ситуација, снегот би можел да се појави и на помала надморска височина кон крајот на овој, и во почетокот на ноември месец. Не се исклучува можноста да имаме вистинска снежна идила.

НАПОМЕНА: Со оглед на тоа дека се работи за подолгорочна метео анализа, промени во истата се можни, па затоа јас ќе информирам за секоја ново- настаната временска состојба, а граѓаните најдобро е да се базираат на моите краткорочни метео анализи, кои се со голема веројатност за остварливост (над 90 %).