Skip to main content
Македонија

Делегација на Армијата предводена од генерал-мајор Сашко Лафчиски во официјална посета на Вооружените сили на Турција

20/07/2025  14:48

Делегација на Армијата предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски, од денес престојува во официјална посета на Вооружените сили (ВС) на Република Турција.

За време на престојот генералот Лафчиски ќе оствари средби со својот домаќин, началникот на Генералштабот на ВС на Република Турција, генерал Метин Ѓурак и министерот за одбрана, Јашар Ѓулер. Согласно програмата, на средбите ќе се разговара за тековната билатерална воена соработка, како и можностите за понатамошно проширување на билатералната воена соработка во областите од заемен интерес помеѓу двете пријателски држави.

Покрај официјалните средби, во рамки на престојот предвидено е армиската делегација да посети еден од капацитетите на ВС на Република Турција.