Коронавирусот влезе и во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос

Во центарот за прием и регистрација на бегалци и мигранти Мориа на грчкиот остров Лезбос е регистриран првиот случај на лице заразено со коронавирусот, а бегалскиот камп итно е ставен во 14 дневен карантин. Станува збор за 40-годишен бегалец од Сомалија, кој добил документи за легален престој во Грција, кон средината на јули го напуштил кампот Мориа, заминал за Атина, но во иминатите денови повторно се вратил на грчкиот остров и престојувал во шатор, иако претходно добил одука за заминување од прифатниот центар.

Претседателот на Националната оргнизација за јавно здравје на Грција, како и епидемиолози заминуват за Лезбос, а веќе започнал процесот на проверка на контактите на заразениот бегалец.

Со одлука на министрите за цивилна заштита и за миграција и азил на Грција, до 15 септември бегалскиот камп ќе биде во карантин, забранет е влез и излез, а како што соопштуваат од Министерството за миграција и азил на Грција, зголемено ќе биде и присуството на полицијата за целосно почитување на забраната за движење. 

Треба да знаете
Последни објави