Дамчевска: Дали е демократски без никакви процедури по трет пат да се назначи ист човек за претседател на ОК Бутел

Гледам пак по трет пат го назначиле за претседател на ОК Бутел, актуелниот пратеник од ВМРО ДПМНЕ. Се прашувам дали е демократски без никакви процедури, дали е чесно да продолжи после изборните порази и губењето на членство пак да биде истиот човек., напиша  на својот фејсбук поранешната пратеничка од ВМРО ДПМНЕ Весна Дамчевска Илиевска, која сега е меѓу иницијаторите во опозициската партија кои бараат свикување на вонреден конгрес.

-Зарем нема други квалитетни кадри во Бутел кои имаат и образовен и професионален и општествен и човечки и партиски кредибилитет?

Или сите се оквалификувани од актуелниот за да биде тој вождот од кој сите ќе се плашат. Никој за него не смее да отвори уста. Сите знаат  но си траат. Можеби е награден затоа што плукаше јавно по претходниците кои му подадоа рака. Со лаги и клевети со злоупотреби на луѓе.

Браво претседателе Мицкоски! Така се сакаат своите.

А другите, тие што ќе ви ја кажат вистината? Вие си знаете. Вие најдобро си знаете. Чувајте го здравјето. Не го убивајте духот на тие што ве охрабрија во најтешките чекори. Не сме непријатели ваши. Ние сме луѓе кои сакаат да живеат во мир со сите, со различните и со вас. Господ на помош да ви е и нам на сите.

Треба да знаете
Последни објави