Skip to main content
Свет

Се преврте туристички брод со 53 патници во Виетнам – Досега се потврдени 28 жртви

19/07/2025  18:05

Дваесет и осум лица загинаа откако се преврте туристичкиот брод за време на бура во Виетнам, објавија светските агенции.

На бродот имало 53 лица. Трагедијата се случила во заливот Ха Лонг.

Дванаесет лица се спасени. Меѓу нив било и 14-годишно момче кое останало во водата четири часа. Се трага по преостанатите патници. Меѓу нив имало вкупно 20 деца.

Претходно, локалните медиуми во Виетнам соопштија за 18 загинати и околу 40 кои се водат како исчезнати.

Заливот Ха Лонг е популарна туристичка дестинација во Виетнам.

Околу 30 бродови потонаа во заливот Ха Лонг минатата година откако беа погодени од тајфунот Јаги.

Заливот го посетуваат милиони луѓе секоја година и е една од најпопуларните туристички дестинации во Виетнам, позната по своите сино-зелени води и варовнички острови со тропски шуми.