Skip to main content
Македонија

Полициски хеликоптер во 60 налети исфрли 80 тони вода врз пожар во струмичко

18/07/2025  21:01

Денеска (18.07.2025), полициски хеликоптер од типот  Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици дејствуваше на пожар во општина Василево, с. Нивичино, струмичко каде што гори нискостеблеста шума.

При дејствувањето во 60 налета се исфрлени повеќе од 80 тони вода. Пожарот се уште е активен и продолжуваат активностите за негово гасење.