Skip to main content
Скопје

Делови од Скопје и натаму без вода – од Водовод решенија најавуваат од следна недела

18/07/2025  12:09

Делови од Скопје од крајот на јуни се соочуваат со сè почести прекини и слаб притисок на вода. Причините се прекумерната потрошувачка, слабата мрежа, дивите приклучоци и урбанистичкиот хаос.

Од „Водовод“ најавуваат решенија од следната недела. Од Владата, пак, велат дека не се надлежни за проблемот.

Експертите предупредуваат дека во градот се гради и се планира како да има бескрајно вода.

Граѓаните од високите зони велат дека остануваат без вода со часови, па и цели денови. Други, пак, се жалат на слаб притисок, дури и во доцните ноќни часови.

Вода со часови немаат и институции и болници, како Македонската радио телевизија и Болницата за белодробни заболувања во Козле.