
Скопските пожарникари со поддршка на ресурси од касарната „Ѓорче Петров“ и од Кавадрци, како и „БТР“ и „Хермелини“ на Дирекцијата за заштита и спасува вчеравечер беа го гасеа пожарот во непосредна близина на селото Бујковци, но и во насока на индустриската зона „Бунарџик“. Од пожар делумно беше зафатен и покривот на црквата во близина на Мршевци.

Поради густиот чад, автопатот Скопје-Куманово имаше намалена видливост и дојде до сообраќајна несреќа поради што патот беше затворен.
Локалното население излезе на терен за да си ги одбрани своите домови од пламените јазици, а присутна беше и тешка механизација со која се прават противпожарни препреки за да се заштитат околните објекти, инфомрираше доцна синоќа директорот на ДЗС Стојанче Ангелов.
Вчера пожар се приближи и кон црквата Света Петка во кумановско.