Леброн Џејмс останува непоразен во првото коло од плеј-офот

Еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА лигата, ноќеска со неговиот тим Лос Анџелес лејкерс обезбедија пласман во второто коло од плеј-офот, победувајќи го Портланд во петтиот натпревар од серијата (131:122).

Така, Леброн остана непоразен во првото коло од плејофот. Во текот на својата кариера, напаѓачот играше 14 пати во првото коло и никогаш не бил елиминиран.

На петтиот натпревар против Блејзерси, Џејмс комплетираше трипл-дабл со 36 поени, 10 скока и 10 асистенции.

Треба да знаете
Последни објави