Се откажуваат спортските настани во САД

Во САД повторно се крена гласот против насилството врз афроамериканските луѓе откако се случи уште еден немил инцидент креиран од страна на полицијата во оваа држава.

Спортистите, како глас на народот, уште еднаш се спротивставија на ваквата тортура, а лавината рекации ја започнаа кошаркарите на Милвоки Бакс кои вчера одбија да излезат на терен и да се соочат со Орландо во плеј-оф натпреварот од НБА Лигата.

Од раководството на лигата потоа беа приморани да ги одложат и останатите дуели кои беа на програмата таа вечер.

Освен во кошаркарската лига, се откажаа и натпревари  од бејзбол лигата, а беа откажани и пет од шесте натпревари од фудбалската МЛС Лига.

Младата тенисерка Наоми Осака сопшти дека нема да го игра полуфиналниот натпревар во Синсинати како знак на борбата против полициската бруталност, а потоа беа одложени и сите натпревари од лигата.

Треба да знаете
Последни објави