Судир меѓу мигрантите и полицијата во босанскиот центар Липа

Во мигрантскиот центар Липа кај Бихаќ синоќа дојде до судир меѓу стотици мигранти, во кој учествуваше и полицијата.

Според првичните информации, користено е и огнено оружје, а повредени се и неколку лица, пренесуваат босанските медиуми.

Како што наведуваат, конфликтот избувнал околу 22 часот и во него учествувале околу 150 мигранти, како и полицијата, која се обидела да ја смири ситуацијата.

Во мигрантскиот центар денеска состојбата е мирна.

Треба да знаете
Последни објави