Skip to main content
Забава

На овие хороскопски знаци не им позајмувајте пари: Не ги враќаат долговите

13/07/2025  18:22

Близнаци
Луѓето родени во знакот Близнаци се шармантни, духовити и спонтани, но кога станува збор за финансиска одговорност – сè може брзо да излезе од контрола. Не значи дека намерно не враќаат пари, туку едноставно забораваат. Имаат навика да ги потиснуваат непријатните обврски и да продолжат како ништо да не се случило.

Стрелец
Стрелците ја обожаваат слободата – и менталната и финансиската. Парите не им се нешто свето, а уште помалку нешто околу што сакаат да се нервираат.

Кога позајмуваат, често имаат намера да вратат, но се губат во нови планови и авантури. Не се злобни, но избегнуваат одговорности ако нешто им делува „препретенциозно“. Ако не ги потсетувате, долг можат целосно да го занемарат.

Риби
Рибите се емотивни и сочувствителни и често веруваат дека парите не треба да стојат помеѓу луѓето. Кога некој ќе им позајми, можат да се чувствуваат виновно – но сепак ќе одложуваат со враќањето, бидејќи ситуацијата им е непријатна.

Често немаат добар увид во сопствените финансии и реагираат импулсивно, па кога ќе дојде време за враќање – парите ги нема. Во желба да избегнат непријатен разговор, се повлекуваат или игнорираат.