
Три лица се убиени во трагичен настан што го потресе регионот, а меѓу жртвите, според информациите, има и малолетно дете.

Убиецот, кој според првичните сознанија бил вујко на еден од убиените, по извршеното злосторство си го одзел и сопствениот живот.
Пред да го стори убиството, тој објавил вознемирувачка порака на својата Фејсбук страница, со што дал на знаење дека планира трагичен чин.
А на терен се полициски и истражни служби кои ги испитуваат околностите под кои се случило убиството и самоубиството. Се очекува официјално соопштение од надлежните институции.