Skip to main content
Економија

Трипуновски во посета на откупни центри за пченица во Пелагонискиот регион

12/07/2025  15:20

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски посети неколку откупни центри и млинови во Пелагонискиот регион со цел да изврши увид дали се почитува утврдената откупна цена за килограм пченица.

Кај дел од откупувачите се констатирани одредени неправилности за кои се превземени мерки.

Според кажувањата на земјоделците и откупувачите, оваа година квалитетот на пченицата е значително добар, што претставува позитивен сигнал за земјоделскиот сектор. Поради тоа министерот Трипуновски апелира да се почитуваат договорените одредби, секоја злоупотреба ќе биде санкционирана од Државниот инспекторат за земјоделство.

Министерот истакна дека инспекторите од Државниот инспекторат за земјоделство секојдневно се присутни на терен со цел да се спречат евентуални злоупотреби и да се обезбеди транспарентност во процесот на откуп.

„Целта на Министерството е да се вреднува трудот на земјоделците”, посочи министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека министерството продолжува со активното следење на состојбата и преземање на сите потребни мерки за заштита на интересите на земјоделците.