Skip to main content
Хроника

Тинејџер од Битола со мотор без таблички удрил во пензионер, двајцата се тешко повредени

10/07/2025  17:57

Вчера рано утрото, 19-годишен битолчанец, кој возел мотор без регистарски таблички, удрил во 76-годишен пешак, при што и двајцата се тешко повредени, соопшти МВР.

„На 09.07.2025 во 05:50 часот во СВР Битола е пријавено дека на ул.„Димитар Влахов“ во Битола, мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Д.И.(19) од Битола удрил во пешакот М.А.(76), двајцата од Битола. Со тешки телесни повреди се здобиле пешакот М.А. и мотоциклистот Д.И., а со телесни повреди се здобил неговиот сопатник В.Ц.(19) од Битола, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола“, пишува во полициското соопштение.