Нови случаи на ковид во Психијатриската болница во Демир Хисар

Бројот на заразените со коронавирус во Психијатриската болница во Демир Хисар се зголеми на 28, откако денеска се регистрирани уште седум позитивни, од кои 6 се пациенти и еден вработен. Сите се асимптоматски и изолирани во посебно одделение, заедно со останатите заразени, објави Телма.

Од заразените 28 лица, 25 се пациенти и три се вработени – медицинска сестра и двајца од помошниот персонал.

Минатата недела 73 – годишен штитеник на оваа болница почина во градската болница  „8 Септември“  во Скопје поради компликации од ковид-19.

Во оваа болница има 296 пациенти. Посетите се забранети, ниту пак пациентите можат да излезат од болницата, и не се знае како заразата е пренесена.

Од Министерството за здравство велат дека оваа институција уште од самиот почеток на пандемијата има протокол за прием на пациенти кој освен мерење телесна температура и епидемиолошка анкета, пациентот мора да помине 14 дена во изолација во посебен објект во установата наменет само за тоа.

Треба да знаете
Последни објави