СЗО: Нов светски рекорд, 294.237 новозаразени за еден ден

Светската здравствена организација соопшти за рекорден број на нови случаи на коронавирус за 24 часа, прецизирајќи дека за едно деноноќие во светот се заболени речиси 300.000 луѓе.

Според организацијата, овој број е рекорд во растот на заразените од почетокот на пандемијата. Забележано е и дека голем дел од заразените луѓе не се пријавуваат во статистиката, а има и земји каде тестовите воопшто не се спроведуваат.

За последните 24 часа во светот се регистрирани 294.000 нови случаи на коронавирус, што е за 2.000 повеќе од претходниот рекорд, поставен на 31 јули. САД, Бразил и Индија се најпогодени во овој поглед.

Од почетокот на пандемијата, во светот се пријавени 21 милиони случаи на инфекција, а бројот на смртни случаи од компликации предизвикани од коронавирусот надминува 755.000 луѓе.

Треба да знаете
Последни објави