Филипче: Децата треба да одат во училиште ако се согласни родителите, а ако не, треба да има и онлајн-модел

Не знаеме каква есен нè чека, мора да бидеме внимателни особено со децата. Полошо сценарио значи поголем број пациенти и од сезонски грип, кои ги окупираат истите одделенија на кои сега лежат пациенти со Kовид-19. Се подготвуваме за лоши сценарија со многу пациенти, но се надевам дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки, вели министерот за здравство, Венко Филипче во интервју за МКД.мк.

Тој вели дека е задоволен од досегашното менаџирање на кризата и најавува план за дополнителни рестрикции во региони во кои би имало поголем број пациенти или би биле потенцијален ризик.

-Зазедовме став на Комисијата и мислам дека предлогот е сосема солиден, до трето одделение со физичко присуство, празни ќе бидат училиштата, а другите да бидат со онлајн-настава. Се соочуваме со еден период во кој во ниту една земја во светот не се знае што ќе биде. Не знаеме каква есен нè чека. Дополнително сезонски грип, колку пациенти ќе има… Така што, мора да бидеме внимателни особено со оваа категорија.

Но уште сега има родители што велат нема да ги пуштат децата на училиште…

Нашите препораки се темелат на епидемиолошките сознанија, а МОН треба да одговори за другите предизвици.

Вие лично мислите дека треба да одат?

Апсолутно мислам дека солидна е препораката за од прво до трето одделение. Мислам дека треба да одат во училиште ако се согласни родителите.

А ако не се согласни?

Тогаш треба да има и онлајн-модел.

Од друга страна, има и забелешки околу тоа како деца од прво одделение ќе учат онлајн кога не ги знаат ни буквите?

Подобро е и поважно да биде детето здраво во период кога не ги знаеме околностите во однос на вирусот, а сѐ друго може да се надомести. Здравјето тешко, вели Филипче.

Целото интервју на МКД.мк.

Треба да знаете
Последни објави