
Полицијата го приведе сопственикот на депонијата која гори повеќе од два часа кај Визбегово, дознава 4NEWS.mk
Во моментот на приведување, сопственикот даде отпор на полицијата по што настана и физичка пресметка.
Нападната била и телевизиска екипа која прва пристигнала на местото на настанот.
Според првични информации, еден од вработенитеи физички ги нападнал и им ја скршил телевизиската камера.
Пожарот се уште не е локализиран и постои опасност да се прошири кон соседните куќи. Доколку има потреба можна е и евакуација на населението.
Во моментов интервенира еден Ер Трактор.