Skip to main content
Македонија

Ангелов: Има нови индиции дека пожарот кај Блаце е подметнат, некој утрово се обидуваше да го реактивира

08/07/2025  11:38

За пожарот којшто во неделата околу пладне изби покрај магистралниот пат кој од Скопје води кон граничниот премин Блаце, се појавуваат нови индиции дека е подметнат, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов

„Во врска со пожарот покрај патот кој води кон ГП Блаце, пожарникарите при гаснење пронајдоа палети претходно најверојатно полиени со бензин, и фрлени во смреки, некој утрово се обидуваше да го реактивира пожарот во Блаце кој е под контрола“, рече Ангелов и апелираше секој кој ќе види невообичаено однесување од други лица, кои носат или во рацете држат палети, веднаш да бидат пријавени на 112.

Тој демантираше дека биле изгорени куќи во Чучер Сандево.

„Не е точна веста дека во текот на вчерашниот ден некои манастири или цркви биле во близина на пожарот, и не е точно дека има изгорени куќи. Не дозволивме да бидат загрозени куќите“, рече Ангелов.