Рики Мартин обвинет за инцест со внукот- му се заканува затвороска казна од 50 години

Популарниот пејач Рики Мартин, чиј 21-годишен внук го обвини за инцест, би можел да се соочи со затворска казна до 50 години ако биде прогласен за виновен, пренесува „Newsweek“.

Рики Мартин неодамна беше обвинет за семејно насилство, наведува мексиканскиот весник „El Universal“. Меѓутоа, весникот во средата објави дека личноста која го обвинила Рики за насилство е неговиот внук.

Новите откритија на „El Universal“ дојдоа набрзо откако беше објавено дека против пејачот е поднесена забрана за приоѓање од страна на личност која се забавувала неколку месеци со него, наведува порториканскиот весник „El Vocero“.

Неговиот брат Ерик Мартин ја идентификуваше наводната жртва како внук на пејачот, Денис Јадиел Санчез.

Обвинителот на 1-ви јули му изрекол забрана на Рики за приоѓање на внукот, според законот за семејно насилство во Порторико. Порториканскиот закон вели дека ако поединецот се прогласи за виновен за сексуален однос со член од семејството, може да се соочи со фиксна затворска казна од 50 години, наведува „El Universal“.

Набрзо откако се појави информацијата за забраната за приоѓање, Мартин објави соопштение на Твитер во кое ги оспорува ваквите наводи.

Треба да знаете
Последни објави