Skip to main content
Свет

Големо невреме ја погоди Турција: Авион принудно слета по удар од гром

05/07/2025  20:33

Авион кој летал од Анкара до Бингол во Турција извршил итно слетување на аеродромот Елазиг откако бил погоден од гром.

Пилотот, откако гром удрил во опашниот дел од авионот, ја променил рутата и од безбедносни причини слетал на аеродромот во градот Елазиг, објави Хабер.

Авионот слета без никакви проблеми, а патниците беа транспортирани од аеродромот до Бингол по копнен пат, објавија турските медиуми.