
Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:
Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии во своето гостување во „ВМРО-ДПМНЕ зборува“ зборуваше за растот на бруто домашниот производ за кој е значајно дека за 2024 тој изнесува над 3% и е повеќе од очекуваното.
– Тоа една од најтешките работи којашто стои како предизвик на една Влада, особено ако имаме предвид дека 7 години или како просечна стапка на раст на БДП во последните 7 години односно целокупниот период на владеење на СДСМ е некаде отприлика 1,6% и вообичаено е многу тешко да се стабилизира економијата. И морам да признаам дека мое огромно позитивно изненадување ова се бројки кои и јас не ги очекував. Ако се вратиме наназад кога го подготвувавме ребалансот на буџетот, нашите проекции беа дека стапката на раст за 2024 година ќе биде 2,1%, а завршивме со 2,8%. Имаше причина зошто е тоа така. За првиот квартал за 2024 година растот беше 1.9% и тоа е еден период пред распишување на избори, кој беше комплетно одговорност на претходната влада и кој самиот по себе покажуваше дека навистина ништо не работат. Вториот квартал им беше нешто подобар. Третиот квартал, со преземањето на власта, веќе БДП забележуваше повисоки стапки на раст, за да првиот квартал од 2025 го завршиме со 3% односно 3,2% доколку го исклучиме сезонскиот карактер. Клучен е моментот зошто го напоменувам сезонскиот карактер, затоа што кога ќе го исклучите сезонскиот карактер односно она кое во ад хок во дадени моменти заради сезоната влијае, ние имаме дури и повисок раст односно 322%, што укажува веќе три квартали по ред стабилна состојба, рече таа.
Министерката Димитриеска Кочоска во своето гостување се осврна на приватниот сектор каде укажа дека приватниот сектор и верува на Владата и како резултат на тоа се инвестира, со што растот на бруто домашните инвестиции е двоцифрен.
– Очигледно е дека довербата на приватниот сектор кон Влада е огромен, како резултат на тоа се инвестира. За мене нешто кое што многу ме радува е растот на бруто домашните инвестициите којшто е веќе двоцифрен. Тоа е резултат меѓу другото и на позитивната економска клима која владее меѓу приватниот сектор. Дополнително на тоа имаме и поддршка којашто ја дадовме во форма на кредити со ниски каматни стапки, а во исто време оние 250 милиони евра проекти годинава и минатата година околу 75 милиони евра. И сето тоа направи на некој начин да има поголем оптимизам во приватниот сектор, кажа министерката.
Димитриеска Кочоска го напомена растот во градежниот сектор како и тоа дека втор месец по ред има позитивен раст на индустриското производство. Таа додаде дека после 7 квартали се забележува позитива кај извозот.
– Исто така ме радува и тоа што и градежниците гледаат голем оптимизам во градежниот сектор, имаме раст од 7.1%. Исто така за мене е многу значајно, пред некој беше објавено од страна на Државниот завод за статистика, тоа е втор месец по ред позитивен раст на индустриското производство, нешто кое со месеци наназад беше во негатива или позитивна нула. Сега имаме јас би рекла и висока стапка на индустриското производство. Исто така и извозот, после 7 квартали во континуитет негатива се забележува позитива, потенцираше таа.
Министерката на крај порача дека сите овие индикатори укажуваат има позитивно расположение во економијата и тоа доведува до стапка на раст на БДП од над 3%.
– Сите овие индикатори сами по себе кога ќе ги гледате укажуваат дека имаме едно позитивно расположение во економијата којашто на крајот го дава овој резултат кој што го имаме, стапка на раст од над 3%. Очекувам веќе во вториот квартал да биде стапката на раст и повисока. Значи сигурно некако ја зацврстуваме онаа проекција од 3.7% раст на БДП за оваа година во однос на претходната, додаде Димитриеска Кочоска.