Skip to main content
Хроника

Приведен возач од Злетово, возел пијан па излетал од патот

03/07/2025  09:45

На 02.07.2025 околу 20 часот на регионалниот пат с.Лесново- Злетово, полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишија од слобода В.Ј.(64) од Злетово.

Тој управувајќи патничко возило „шевролет спарк”, излетал од коловозот, а при извршениот увид утврдено е дека бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.81 промили алкохол во крвта. По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило”.