Skip to main content
Хроника

Возач со „Порше“ уапсен на патот Тетово–Гостивар: Им се спротивставил на полицајци, му ја одзеле дозволата

26/06/2025  15:23

Ноќва околу 03:45 часот, на патниот правец Тетово–Гостивар, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го привеле 50-годишниот Б.О. од Гостивар, откако тој вербално ги омаловажувал додека вршеле службени дејствија.

При рутинска сообраќајна контрола било утврдено дека Б.О. управувал патничко возило марка „порше“ со гостиварски регистерски таблици и притоа сторил прекршок согласно член 26 од Законот за возила. На лице место му била одземена возачката дозвола, а издаден му бил и платен налог за прекршокот.

Од СВР Тетово информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против возачот.