Хари тајно ја следел Меган на „Инстаграм“

Поранешниот принц Хари тајно ја следел неговата сопруга Меган Маркл на „Инстаграм“ во периодот пред да се венчаат, пренесуваат британските медиуми.
Како што пишува британски „Мирор“, Хари се вљубил во Меган на прв поглед. Постоеле низа шпекулации за нивната прва средба, за на крајот целата приказна да се сведе на тоа дека двајцата се запознале на состанок на слепо.

Хари и Меган се венчаа пред две години. Кога првпат ја сретнал, тој направил лажен профил на „Инстаграм“ за да може да ја следи.
Меган била активна на социјалните мрежи пред да се омажи за Хари. Таа имала и сопствен блог, The Tig. Хари почнал да ја следи под корисничкото име @SpikeyMay5. Подоцна се утврдило дека станува збор за негов профил. Името на профилот Хари го смислил по имињата на неговите
најдраги диџеи…

Преземено од Репортер

Треба да знаете
Последни објави