Во Кина расте бројот на заразени четири дена по ред

Кина бележи зголемување на бројот на новозаразени со коронавирус веќе четврти ден по ред, а здравствените власти објавија денеска 68 нови случаи, вклучително и два во Пекинг за првпат по неколку недели.

Кина се соочува со враќање на заразата, неколку месеци откако го спречи првиот бран на епидемијата.

Од новите случаи, 57 се пријавени во Синјанг, се вели во соопштението на Националната здравствена комисија, а во понеделникот североисточната провинција Јилин забележала два нови случаи, први од мај, додека шест новозаразени се регистрирани во североисточната провинција Лиаонинг.

Со цел да ја сопрат новата епидемија, кинеските власти тестирале милиони луѓе за Ковид-19, но вирусот почнал повторно да се шири, пренесува „Ројтерс“, посочувајќи дека во Пекинг се регистрирани два нови случаи, за првпат по три недели.

Досега се потврдени вкупно 83.959 случаи на коронавирус и 4.634 смртни случаи.

Треба да знаете
Последни објави