Монтирале соларни панели на куќа во Штип па го запалиле покривот

На 27.07.2020 околу 15.30 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„АСНОМ“ во Штип, при поставување на панели за соларна енергија на покрив од куќа сопственост на И.М., настанал пожар, при што целосно бил опожарен покривот на куќата.

Нема повредени лица, а пожарот бил изгаснат од Противпожарната единица од Штип. Увид на место на настанот извршила екипа од СВР Штип.

Треба да знаете
Последни објави