МЗТ Скопје и во новата сезона ќе биде дел од АБА2 друштвото

Македонскиот кошаркарски шампион, МЗТ Скопје Аеродром официјално и во следната сезона ќе игра во втората по квалитет регионална кошаркарска лига – АБА2 лигата.

На Собранието на АБА лигата вчера беа извлечени двојките за првото коло, а беше направен и распоредот за во новата сезона.

Словенечкиот клуб Приморска останува во прволигашка конкуренција, што значи дека МЗТ Скопје Аеродром останува второлигаш.

Иако аеродромци се надеваа за враќање во елитата поради финансиските проблеми на Приморска, сепак до тоа не дојде.

Во АБА 2 освен МЗТ, сезонава ќе настапува и екипата на Работнички.

Треба да знаете
Последни објави