Skip to main content
Македонија

Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток и ќе остане така, вели директорот на СОЗР Томовски

19/06/2025  22:34

Владата пружи максимална поддршка на семејствата на повредените и загинатите во пожарот во Кочани и ќе продолжи да го прави тоа. Од Буџетот на државата се одвоени 30 милиони денари, и се додека трае процесот на закрепнување државата ќе прави и ќе даде се од себе за овие лица да продолжат нормално понатаму со својот живот, истакна вечера во телевизиско интервју директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски.

Државата, истакна тој, овозможи транспорт на лицата од Македонија до дестинациите каде што беа.

Ве убедувам дека се додека не заврши овој процес до крај, додека не ги излечиме и не ги ставиме во нормала на функционирање овие лица ќе ги помага државата и ќе прави се од себе за да можат овие лица да продолжат понатаму со својот живот, рече Томовски.

Одморалиштето Пониква е спремно и со сите соодветни услови.

-Еден таков пример е одморалиштето во Пониква кадешто обезбедени се соодветни услови, првата група ќе биде во понеделник околу 30 лица. Има различни барања има чести јавувања она што го прави координативното тело од Влада ги примаат тие повици и често одржуваме состаноци гледаме што е можно решливо во моментот, се пружи секоја можна помош којашто може да се пружи, Кочани е во фокус на Владата од самиот почеток сега и ќе остане така, рече Томовски.